Ѕвон посветен на нашата градинка – Кочо Рацин на МТВ1

Македноската телевизија посвети една цела емисија, во живо, од програмата за деца Ѕвон, на нашата градинка. Оваа можност ја искористивме за претставување на нашата работа, постигнувањата, успесите и перспективите, секако преку дирекна презентација од страна на децата. Гледачите можеа да ужоваат во дел од драмската претстава „Во светот на играчките“, танцови точки, рецитали и разговор со децата. Свесноста  за големата публика од другата страна на екраните, кај децата поттикна иницијатива да ги испратат своите пораки до возрасните на Македноски знаковен јазик. Ова е дел од проектот кој тековно го работиме  и кој  на децата им овозможи да ги запознаат и да ги совладаат основните знаковни поими и да ги унапредат своите вештини за комуникација.

Ова позитивно искуство е од големо значење за сите деца кои за прв пат настапуваат пред јавен медиум.

Tags