МОЈАТА ИГРАЧКА НЕКА БИДЕ ТВОЈА, акција за размена на играчки во Матичен објект

Поттикнати од проектот „Играм и растам со играчките“, во Матичниот објект на нашата градинка ја започнавме акцијата за размена на играчки помеѓу децата. За таа цел во дворот на градинката поставивме три ЕКО-куќички во кои децата можат да ги разменуваат своите играчки. Овој, наш иновативен пристап е насочен кон будење на еколошката свест кај децата и возрасните, одговорно однесување кон играчките и поттик за нивна продолжена употреба. Децата можат секојдневно да земат и вратат играчка или пак да донираат.
Наша цел е оваа акција да добие пошироки размери и во нарениот период да ја прошириме со акција за размена на сликовници.

Tags