Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. На 24 мај го прославуваме нивниот празник. По тој повод ЈУ Детски културен центар “Карпош” организираше манифестација ” Цртање на асфалт” на која учествуваа и децата од групата Месечинки од клонот Н.Н.Борче. Децата цртаа на плочникот најразлични слики, но ги напишаа и буквите од нашата азбука.