Во растот и развојот на децата, особено во предучилишниот период – доминантна е игровната активност. Играта и играчките честопати се поврзуваат со самото детство, па оттаму доаѓа и онаа стара изрека – нема детство без игра и играчки.
Денот на нашата градинка, под мотото: „Играм и растам со играчките“, беше одбележан на 19.05.2022 година во дворот на Матичниот објект. Презентацијата ја проследија многубројни гости, меѓу кои и Градоначалникот Горан Герасимовски со претставници од Општина Центар.
Децата со својата прекрасна презентација, ја доловија приказната за играчките и како и секогаш ги стоплија срцата на сите присутни.