Спортувај за здравје-“Финален натпревар” – објект Панорама

Како на вистински спортски натпревар, децата од в.о група “Сонциња” 4-5 г, објект Панорама истрчаа на теренот и го “одиграа” финалниот дел од Проектот кој го работеа изминатит месец, под наслов “Спортувај за здравје”. Покрај интересни факти поврзани за спортот,емпатијата, љубовта, соработката  со другар, тимската работа, чувството на припадност во група, беа важните нешта кои децата ги учеа низ проектот. Облеката на спортистите, како една од неделните теми, не поттикна да си направиме сопствени дресови со логото на нашиот тим- Сонце. И на крајот како вистински шампиони, си добивме златни медали и дипломи. Благодариме на сите што ни помогнаа да ги оствариме нашите цели.
Tags