На гости кај пожарникарите – објект Панорама

По повод денот на пожарникарите, 20ти мај, децата од група Буба Мари, објект Панорама, беа во посета на пожарникарска станица. Децата ги збогатија своите знаења за опремата на пожарникарското возило-скали, црева, како и опремата на пожарникарите- панталони, чизми, шлем, односно со професионалноста, храброста и пожртвуваноста на пожарникарите во борбата да го угаснат огнот и да спасат човечки живот. И најважното бројот на повик 193. За спомен подаривме еден детски цртеж.
Tags