Улогата на семејството како основна клетка во формирањето на зрелата и комплетна личност е примарна. Оттаму трнува и започнува се. Секоја насмевка, секоја тага, секоја радост. Токму затоа, под мотото “Под покривот на мојата куќа” децата од в.о група “ Сонциња”, објект Панорама му дадоа важност и го одбележаа Меѓународниот ден на семејството. Сакајте ги и гушкајте ги своите најмили, тоа ви е најголемото богатство- беше пораката која преку цртеж беше испратена.