МАЛИ КРЕАТИВЦИ, ГОЛЕМИ УСПЕСИ – прва награда за Сончогледите од Матичен објект

Креативноста на децата е богата ризница на идеи. Доволен е само мал поттик сето тоа де се покаже на дело, и во тој случај наградата е неизбежна.Децата од групата Сончогледи (5-6 год) од Матичниот објект на нашата градинка, заедно со нивната воспитувачка Снежана Гуцуљ, твореа на инспиративната тема „Корицата на мојата сликовница“ за вториот ликовен натпревар „Мали креативци 2022“ во организација на ЕДУКА МАК и ја освоија првата награда која се доделува на државно ниво. За да ја создадат насловната страна од својата сликовница, охрабрени од својот ментор, децата прво ја креираа приказната, нејзините ликови и насловот, а потоа  влегоа во волшебниот свет на имагинацијата и ликовно се изразија. Сето тоа беше процес ниа кој децата твореа и се забавуваа, за што сме особено благодарни на ЕДУКА МАК што предложија ваква, инспиративна тема.

 

Tags