Добредојде ластовичке – објект Бели Мугри

Децата од 3-4години од групата Буба Мари од објект Бели Мугри ги “дочекаа” пријателите од топлите краишта  со песничката “Добредојде ластовичке”.
Покрај оваа музичка активност, дечињата преку прошетката во дворот од градинката, ги бараа и набљудуваа гнездата на  ластовичките кои решиле своите гнезда да ни ги “доверат” на нас. За крај, вештите рачиња на децата изработија ластовички од хартија кои самите ги боеја и сечеа, добивајќи црно-бели ластовички  во лет.