СПОРТУВАМЕ НА ВОДНО – објект Панорама

Каков прекрасен ден за “Сонцињата” 4-5 г од објект Панорама. Убавото и сончево време го искористивме за едно спортско дружење на Водно. “Спортувањето за здравје”- нашиот проект- го продолживме со спорт на отворено. Фудбал, тенис, кошарка и разни спортски активности го одбележаа денот. И како вистински спортисти, јадевме здрава храна, зошто и таа, покрај спортот е многу важна за нашето здравје. Благодарност и до нивните родители за отворената соработка и желбата за повеќе активности во природа.

Tags