Во рамките на нашиот проект “Спортувај за здравје”, децата од в.о група “Сонциња” , 4-5 г . се запознаа со еден многу необичен, но многу интересен спорт- Автомобилизмот.. По тој повод, го поканивме професионалниот тркач со возила Мики Русевски,да ни ги долови убавините и возбудливите моменти на овој спорт. Многу одговорени детски прашања, интересни приказни, детско тркачко возило .. Сето ова беше дел од денешната дружба. Дознавме многу работи, меѓу кои и .. “ девојчињата можат да бидат тркачи, дури и од 6 годишна возраст може сериозно да се зафатиме со тркање , здравата храна е многу важна за одржување добра спортска форма.. и замислете, оделото што го носат возачите е огноотпорно… “ Секако, договоривме и следна средба, со многу освоени пехари, медаљи и први места..