Светски ден на здравјето – објект Панорама

Здравјето е најголемо богатство. Денес децата од групата Буба Мари од 5-6 години под мото”Јади здраво, живеј здраво”, го одбележаа Светскиот ден на здравјето преку разговор за здрава храна, сечење и лепење на апликации со овошје и зеленчук. Имавме и родител гостин доктор Николина Здравеска од детската клиника која им објасни на децата како треба да се грижат за своето здравје, да мијат редовно раце и да јадат здрава храна (овошје и зеленчук, месо, риба, јајца, млеко, јогурт) а помалку благо, лижавчиња, гумени бомбони, за да не бидат болни.

Tags