Светски ден на здравјето – објект Бели Мугри

Светскиот ден на здравјето во групата „Зајачиња“ се одбележа со разговор за зеленчукот кој е многу важен за здравјето на децата и нивниот правилен раст и развој, а потоа следуваше конзумирање на вкусна зеленчукова салата подготвена од детските вредни рачиња.
Во групата „Буба мари“ децата играа игра на улоги: доктори и пациенти, со цел од најмали да вооочат дека грижата за здравјето е доживотна навика, култура и начин на живеење.
Групите: „Ѕвездички“ и „Пајчиња“ Светскиот ден на здравјето го одбележаа ставајќи го фокусот на овошјето, како уште еден значаен фактор за правилен раст и развој на децата. За таа цел подготвуваа свежа овошна салата од различни плодови: портокали, јагоди, банани, јаболки, мандарини,..А потоа со задоволство и уживање ја конзумираа истата.

Tags