
Токму затоа денеска одбележувајќи го Светскиот ден на здравјето, во нашата група Сонциња од објект Бели Мугри со децата од 5-6 години реализиравме низа активности.
Имено, за добро здравје се потребни здрава храна но, и спортски активности.
Затоа, денес со децата: сечкавме, лупевме, рендавме и правевме овошна и зеленчукова салата. Исто така, со децата игравме натпреварувачки игри во хол но, правевме и вежби на чист воздух во дворот на градинката.
