На ден 01.04.2022 година по повод денот на шегата, децата од 2 – 6 годишна возраст, од објектот Бели Мугри го одбележаа на следниве начини :
-под мото јас под мојата маска секое дете на свој единствен, специфичен, несекојдневен и уникатен начин ја претстави својата маска онака како што тоа ја доживува;
-по повод денот на шегата се шегуваме користејќи ја својата фантазија и креативност;
-пеевме песнички за 1-ви Април, притоа и игравме на истите;
-на самиот крај следеше највозбудливиот момент за секое дете- „парада од маски“.
Во холот на нашата градинка, секое дете пропарадира со својата маска, а сето тоа беше проследено со громогласни аплаузи, што кај нашите најмили предизвика дополнителна возбуда, среќа и лична сатисфакција.