На ден 29.03.2022 година децата од објектот Бели Мугри проследија интерактивна, музичко – драмската претстава – „Музичка екологија“ во изведба на актерите од Триангл Пулс. Истата беше реализирана во дворот на нашата градинка, во пријатен пролетен амбиент, кој дополнително предизвика весело и ведро расположение. Меѓусебната интеракција и музичката активност од страна на децата се доказ дека е постигната и основната цел, поттикнување на љубов кон театарот и сценската уметност.