Со децата од 3-4 години, група Бубамари, од објектот Бели Мугри, 22 Март-“Светскиот ден на водата“ го искористивме како одлична можност да ги запознаеме нашите деца за важноста на водата. Клучно е да ги научиме уште од мали нозе да ценат колку сме среќни што имаме чиста и безбедна вода за пиење.
Со самото одбележување на овој ден ги охрабруваме децата не само да научат повеќе за тоа како водата влијае на животите на другите, туку и да ги запознаеме со нови начини како позитивно да влијаат на користењето на водата.
Воедно, им помагаме на децата да размислуваат за сите активности за кои ја користат водата и да ја разберат важноста на водата преку развивање на свеста за сопствената дневна потрошувачка.
За употребата на водата во нивното семејство, потоа за тоа како ја користат во текот на денот, на пример- дали ја оставаат чешмата отворена додека ги мијат забите? Или -Колку време да поминат под туш?…потоа за времетраењето на наводнувањето на растенија…итн.