Денешниот ден, 22ри Март, децата од групата од 5-6 години од објект Бели Мугри го одбележаа со неколку активности..
Имено, најпрво разговаравме за начините на чување на водата, а потоа и ја развивавме свеста за начините на штедење на водата во нашите домови но и пошироко. Потоа, децата сликаа со темперни бои на тема “Вода”, притоа уживајќи во звуците на водата во класичната музика.
На крај, заедно ја рецитираа стихотворбата “Три лекари” која всушност и ја заокружува и обележува оваа месечна тема за Сонцето, водата, почвата и воздухот…