Многу вреди – вода да се штеди – објект Н.Н.Борче

22ри март – Светскиот ден на водата, беше повод со децата од објект Н.Н.Борче од 3 – 6 год. да поведеме креативен и конструктивен разговор за значењето и важноста на водата за сите живи суштества на Планетата Земја. Главната цел  беше, да се подигне свеста кај децата за штедење на питката вода и нејзино зачувување  од загадување. Дечињата излегоа во дворот на градинката и ги полеаа засадените дрвца и цвеќиња.

Tags