Поттикнати од темата за Водата и нејзиното огромно значење во секојдневниот живот, децата на возраст од 4-5 години беа поттикнати и инспирирани со набљудување на различни слики од детски прирачници и енциклопедии – да ги искажат своите размислувања за значењето на водата и нејзината значајна улога за целокупниот жив свет на нашата Планета Земја. Тие даваа многу бројни совети и практични примери, како ние луѓето можеме секојдневно да ја штедиме водата кога ја користиме. Сето тоа практично го покажавме со децата – кога ги триеме рачињата со сапун – треба да ја сопреме водата да не тече безпотребно.