Пролетта е едно од најубавите годишни времиња. Сите ја чекаат со нетрпение, бидејки во пролет секое утро започнува со црцорот на птиците, мирисот на прекрасните цвеќиња и расцутените дрвја.
21ви Март, денот кога ни доаѓа пролетта, го одбележавме со работна акција во дворот на градинката, под мотото: ,,ПРОЛЕТТА Е УБАВА”.
Децата од 2 до 6 годишна возраст учествуваа во акцијата за разубавување на нашиот двор и засадија повеќе годишни зимзелени садници и пролетни цвеќиња.