Пролетта со својата магија ја буди природата, затоа се смета за симбол на нов живот, нов почеток, буди восклик, радост, надеж и енергија. Сончевите денови пристигнуваат, насмевките и доброто расположение сé почесто сe присутни на лицата на децата. Затоа децата од 4-6 години од објект Н.Н.Борче го одбележаа овој убав ден со игри, песни, садење садници, ликовни креации – се со една цел, да го поздравиме доаѓањето на пролетта.