Денот на пролеттта и на среќата “21 март”, во клонот Бели Мугри беше одбележан со Еко-акција во дворот на градинката. Главната улога им припадна на децата од 2-6 години кои неуморно собираа: ѓубре, лисја, гранки и хартија.
Исто така, добро се покажаа и во средувањето на нашата градина во дворот, но и во обновување на боите на старите клупи.
Преку денешната колективна акција – насмевките и радоста на децата покажаа дека преку еко – бонтонот и чистата околина, сме поблиску до среќата!