Низ храброст и упорност на Семко, децата ќе научат, дека нема цел што не е недостижна, ако постои храброст и одлучност. Дружбата, другарството, игрите со другарчињата – како што порачува Семко се вистинска среќа, наспроти осаменоста која носи само тага и неспокој. Сакајќи да го види светот – Семко покажува огромна храброст кога решава да се смени и да порасне, за да го види светот околу себе, исто како што тоа го направија и неговите другарчиња. Децата од овој филм ќе научат и за тоа што му е потребно и кои фактори влијаат на едно растение да порасне во прекрасно дрво. Воедно ќе научат и дека дрвото е дом, живеалиште на многу животни, кои наоѓаат спокој и засолниште на неговите гранки и во неговата крошна и се радуваат на неговите цветови и плодови. Другарите и дружбите со нив, му даваат сила на Семко – од една плашлива семка да стане сенка во која ќе најде одмор секој, а воедно и да шири прекрасен мирис и убавина.
Видеото го подготвија:
Снежана Гуцуљ – превод, идејно и техничко решение,
Цаци Боболеска – адптација на текст
Актив на воспитувачи од Матичен објек – позајмени гласови