Во склоп на неделната тема за сонцето, светлината и сенките децата од 5-6 годишна возраст од групата “Буба Мари”, сликаа, истражуваа, набљудуваа и воочија дека светлината патува многу брзо, во снопови кои се нарекуваат зраци. Кога зраците ќе се судрат со некое цврсто тело, таму каде што не можат да допрат, се формира темна површина која се нарекува сенка.
-Препознај ме по сенката – Театар на сенки
-Свеќата што ја шири светлината насекаде околу себе – Истражувачка игра
-Волшебна претстава со сенки со помош на дланките.