Истражувањето на вселената е голем предизвик за децата, а кога тоа се прави преку игра воедно е и големо задоволство. На овој начин децата од групата Сончогледи (5-6 год), од Матичниот објект ги постигнаа целите на оваа тема. Истражуваа низ сопствените искуства, моделираат, патуваа во вселената со ликовите од сликовниците Детето Ѕвездан и Волшебната фотеља, куклената претстава за Сонцето, Земјата и Месечината и низ бројни други активности кои самостојно ги креираа. На крајот ја разбудија имагинацијата и секое дете ја искреира својата замислена планета.