ЕДУИНО ИГРАТОН-Активност4-Емотивко

Децата од градинката Кочо Рацин, објект Бели мугри група „Бубамари“ на возраст од 3-4 год. учествуваа во едуино-игратон со активност  „Емотивко“. Преку оваа игра детето ги развива, детектира и препознава емоциите во секојдневната комуникација. Детето да ја усоврши координацијата за држење на ножичките во едната рака и сечењето на хартијата.    Самодовербата, мотивацијата и истрајноста се карактеристики кои кај децата треба да се развиваат уште од најраната возраст. Препознај ја емоцијата дава одлична можност децата вербално да ги искажат своите емоции и да ги препознаат кај другите. Оваа активност придонесува децата да ги развиваат своите социоемоционални и комуникациски вештини.
#едуиноигратон2022 #активност4 #Емотивко

Едуино – колективен портал за дигитални содржини | Facebook