Децата од групата “Зајачиња” на возраст од 3 – 4 години, објект Бели Мугри, од градинката Кочо Рацин, учествуваа во Едуино – игратон и го прифатија предизвикот од активноста “Емотивко”. Преку реализација на оваа игра, децата ќе се оспособат за воочување и манифестирање на некои емоции во секојдневната комуникација и ќе ја усовршуваат координацијата за држење на ножичките во едната рака и сечење на хартија. Исто така активноста ќе помогне децата да ја развијат и подобрат толеранцијата, како една од клучните особини кои треба да ја поседуваат.
#едуиноигратон2022 #активност4 #емотивко