Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да ја презентира една земја. Македонија е земја во која минатото оставило скапоцени траги, а сегашноста уште повеќе го разубавила и оплеменила.
Месец јануари е исполнет со многу убави празници, низ кои доаѓа до израз нашата традиција. Затоа овој месец го посветивме токму на традицијата. Родителите ни испратија разни фотографии, поврзани со македонската традиција.