Tрадиционалните игри ја задоволуваат потребата од истражување и сознавање на светот кој ги опкружува децата, нивната желба за нешто поинакво и ново што ќе ги поврзе со светот на игрите од детството на нивните родители. Практикување на традиционалните игри го поттикнува холистичкиот и хармоничен развој кај децата.
Овој месец во склоп на обработка на теми за традицијата, со децата од групата Сонциња од објект Бели Мугри игравме неколу традиционални игри и тоа: слепа баба, збирам фото, лета-лета и топло-ладно.