Во пресрет на Нова година и претстојните новогодишни празници, нашиот објект организираше новогодишна работилница под мотото “Шеќерна новогодишна елка”. Работилницата беше во домашни услови, каде родителите со децата изработуваа разни шеќерни новогодишни украси.
На работилницата учество земаа голем број на родители и деца, а ние заедно со децата ја накитивме нашата шеќерна елка со прекрасните изработки.