Времето оди, часови брои – објект Панорама

Во рамките на темата “Времето оди – часови брои”, децата од 5-6 годишна возраст од објект Панорама ги збогатија своите знаења за часовникот – зошто ни служи, со што го мериме времето, какви часовници има – преку најразлични слики на кои беа претставени часовници. Преку разговор како се мерело времето кога немало часовници, сликовница, како и игри и активности, кај децата се потикнаа когнитивните, а се развија и усовршија манипулативните способности.

Tags