ЕДУИНО ИГРАТОН-Активност2-Град од кутии

Децата од градинката “Кочо Рацин”-Скопје во група “Бубамари”, на возраст од 5-6 години учествуваа во Едуино-игратон и го прифатија предизвикот “Град од кутии”.Со децата се разговара за изгледот на градот и објектите во него. Им се објаснува дека урбаниот изглед и архитектура се одраз на секое време. Потоа од разновидна амбалажа што ни е достапна изработуваме куќи, згради, различни објекти…Преку оваа активност кај децата се потикнува креативност и самостојност, се развива фината мускулатура на дланките и прстите и се потикнува детето да игра со нестандарден материјал.

#едуиноигратон  #активност2  #градодкутии   @eduinoportal