ЕДУИНО ИГРАТОН-Активност1- Играме Бинго со Метео знаци

Возрасна група: 4-5  години.

Наслов на активноста:

Манипулативно-истражувачка игра: “Играме Бинго со Метео знаци”

Цели на активноста:

  • Да се поддржи детето во истрајноста при процесите на учење и откривање.
  • Да се поддржи детето во усвојување на нови знаења и културно однесување во групата.
  • Да се создаде весело расположение кај децата во групата.

 

Форми на работа: групна

Потребен материјал: Календар за една тековна недела, апликации од метеоролошки појави, лепило

Tек на активноста:

Во занималната на ѕидот ќе прикачам неделен календар на кој што за секој ден ќе има нацртано со молив три различни метеоролошки знаци и ќе означи какво ќе биде времето тековниот ден.

На почетокот воспитувачот на секое дете ќе му подели по три различни метеоролошки знаци на пример: сонце, облаче, дожд, снег, грмотевици, ветер исл., а истовремено ќе започне со анализа на временската прогноза на неделниот календар почнувајќи од Понеделник па се до Недела. Воспитувачот ќе ја започне прв играта со тоа што почнувајќи од денот Понеделник ќе праша кое дете ги има на пример следните метео знаци: облаче, сонце и дожд. Така следствено “Бинго” ќе извика тоа дете кај кое што ќе ги има истите метео знаци што ги има веќе истакнато на календарот за еден тековен ден и ќе пристапи до него да ги залепи картичките на соодветното место на календарот. Токму добитникот на Бингото ќе биде следното дете што ќе ја каже временската прогноза за следниот ден Вторник.

Сметам дека на овој начин децата истовремено ќе се забавуваат, играат и ќе ги продлабочат знаењата за природните појави и значењето на секој метео знак.

Играјте, креирајте, едноставно забавувајте се заедно!

 

Подготвил

Воспитувач

Маријана Поповска

#едуиноигратон  #активност1  #учимебингосометеознаци  @eduinoportal