ЕДУИНО ИГРАТОН-Активност1- Бинго

Децата од 3 до 4 год. од групата “Детелинки”, објект Н.Н.Борче, се одзваа на предизвикот на ЕДУИНО игратонот со активноста “БИНГО”. Во играта го користевме комплетот “Скокни, потскокни”, кој во себе содржи мемори картички и книга со вежби за истегнување.

Во играта се послужив со мемори картички, на кои се претставени животни кои се застанати во некоја поза. Секое дете имаше за задача да отвори една картичка и да го најде нејзиниот пар со отварање на втората картичка. Доколку детето го најдеше соодветниот пар картички, сите други дечиња извикува БИНГООО, односно погодок. Потоа во продолжение на играта секое дете посака да земе една мемори картичка со животно и да ја изведе вежбата за истегнување што е претставена на картичката. Активноста беше интересна за децата, се поттикна весела атмосфера и се постигна целта која беше замислена.

Сите знаеме дека играта е една од патеките на детството, која води во живот!

Детската игра е посебно важна за остварување на задачите на интелектуалното и работното воспитание на предучилишните деца, но и преку играта се стремиме да го поттикнеме правилниот развој на екстремитетите и грубата моторика кај децата, во поглед на координација на раце и нозе, зајакнување на мускулите и правилно држење на телото. Така го стимулираме нивниот правилен раст и развој и создаваме здрави навики за секојдневно вежбање.

Воспитувач – Јелена Мирческа

#едуиноигратон  #активност1  #бинго   @eduinoportal