Есенска приредба во Матичен објект

Есен…Едно од најубавите годишни времиња. Таа е прекрасна убавица облечена во жолто-позлатена руба. Есента изобилува со многу плодови, кои ја дополнуваат нејзината убавина.

По повод испраќањето на есента, во Матичниот објект се организираше есенска приредба под мотото “Златниот шешир на есента”, во која учество земаа децата од 2 до 6 годишна возраст. Со песни и стихови, како и со јаболки, костени и вкусна штрудла од тиква, децата и се заблагодарија на есента за сите нејзини убавини. Во текот на приредбата на детските лица се забележуваше радост, среќа и искрени топли насмевки.

 

Tags