Ноември – месец на тиквата – Матичен објект (креативност во кујната низ фотографии)

Есен е сезона за тиквата. Постојат толку разновидни начини на нејзино приготвување, што ниеден друг зеленчук не и е рамен. Токму поради тоа, месец Ноември го посветивме на тиквата. Децата од сите воспитни групи со своите родители ја покажаа својата креативност во кујната и подготвуваа разни колачи, торти, штрудли, пити и разни други специјалитети од тиква. Преку фотографии ја споделија атомесферата од нивните домови – при подготовката и конзумирањето на се она што го подготвија.

Tags