Во рамките на темата “Моите пет сетила”, децата од 5-6 години од групата “Буба мари”, ги проширија своите знаења за сетилото за мирис – носот, како функционира, зошто има влакненца во него, дали е исто да мирисаме и да дишеме, што се случува кога сме настинати. Преку откривачката игра – Препознаваме различни мириси, децата ги откриваа понудените предмети – цимет, паста за заби, чај од нане, лимон, парфем, цвет. Активноста беше многу интересна за децата.