“Како нашиот мозок знае дали јадеме морков или чоколадо? “Крив” за ова е секако нашиот орган за вкус – устата. Бидејќи децата најубаво учат од своето искуство, во склоп на темата “Моите сетила”, со децата реализиравме истражувачка активност, во која тие мирисаа и вкусија храна со разни вкусови – додека сетилото за вид им беше онеспособено. Интересна активност за децата.