Денес се реализираа првите две работилници од овој проект кој е во соработка со компанијата – Суниленс, а неговата цел е децата уште од најмала возраст да научат дека отпадното масло за јадење од домаќинствата, треба да се собира и рециклира, а не да се истура насекаде. Со собирање на отпадното масло во посебни кантички, си помагаме себеси, и помагаме на природата, а го намалуваме и загадувањето на животната средина. Ја заштитуваме и почвата, но и водите од загадување, кое може да биде предизвикано ако отпадните масла од домаќинствата се отстрануваат неправилно. Се реализираа истражувачки игри, преку кои децата ја воочија суштината на овој проект.