Децата од група Пеперутки од Матичен објект, низ стихови, песни и игра, го прославија роденденот на нашиот главен град Скопје. Изработија роденденска торта од хартија, која ја декорираа со фотографии од самиот град и со многу други украси. Со роденденски капи на главата, ја дувнаа свеќичката и му посакаа на градот најубави желби. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГРАДУ МОЈ.