Во рамките на темата “Осознавам за моето тело”, децата од 5-6 годишна возраст од група “Буба мари”, ги проширија своите знаења за белите дробови без кои не можеме да дишеме – преку истражувачка игра – Како дишеме и манипулативна игра – Како изгледаат белите дробови. Учеа за најважниот орган во човечкото тело – срцето, преку истражувачка игра – слушање со слушалки и научија како крвта постојано кружи во нашето тело низ крвните садови, артерии, вени и капилари. Детските вредни рачија, циркулаторниот систем го претставија преку манипулативни игри.