Градот Скопје роденден слави – објект Бели Мугри

По повод роденденот на нашиот град Скопје 13 Ноември, децата од групата “Супер Ѕвездички” од 4-5 години од објектот Бели Мугри приредија приредба во холот на градинката и се претставија пред останатите другарчиња. Секое дете индивидуално се претстави со својата макета која што ја имаа изработено со помош на своите родители. Тие донесоа најразлични макети – Камениот мост, Порта Македонија, Крстот на Водно, Жичницата на Водно, Градски Парк, Зоолошката градина, највисоките згради Џевахир Скај Сити и други. Сите деца беа емоционално возбудени и се забележуваше радост и среќа во нивните срца. Во прилог ви испраќаме видео запис и фотографии кои што сведочат за денешната приредба.

Gradot Skopje rodenden slavi niz fotografii i priredba – Beli Mugri

Tags