Го градам мојот град – објект Бели Мугри

Секоја година, по повод 13ти ноември, се одржува манифестација во ДКЦ Карпош под мото: Го градам мојот град. Оваа година учествуваат дечиња од групата од 5 – 6г. од објект Бели Мугри. На оваа манифестација традиционално се изработуваат макети на позначајни објекти од нашиот град, со учество на повеќе градинки. Нашата градинка ќе се претстави со изработка на макета на Градски трговски центар. Дечињата пред изработка на макетата, беа на прошетка низ трговскиот центар, за да добијат повеќе информации – кои им послужија при изработката.

Tags