Ден на урбана средина – објект Бели Мугри

На ден 08.11.2021 година, по повод “Денот на урбана средина” во објект Бели Мугри, во групата од 5 – 6години,  на гости ни беше родител – архитект Јана Ѓорѓевиќ.

Преку апликациите во боја од објектите, но и преку раскажувањето и објаснувањето за  градбата  и функцијата на некои објекти во Скопје, таа  ги запозна децата со позначајните објекти во нашиот град, како што се: ГТЦ, Ману, Даут Пашин Амам, Камениот мост, Тврдината Кале, МОБ и сл. На овој начин, им ја објасни и доближи професијата АРХИТЕКТ.

Потоа, со децата беше  реализиранa активност во вид на  работен лист, во  кој од  децата се бараше да доцртаат, обојат, поврзат или  заокружат дадена сенка или предмет на некои од гореспоменатите објекти.

Оваа посета беше едукативна и интерактивна и беше продолжување на прошетката не децата низ Скопје, во приватна  организација и реализација на архитектонската фирма на истиот родител.

Tags