Традиционално трета година по ред, во Матичниот објект во месец ноември, се реализира акција во соработка со родителите – садење на зимзелени дрвца (haminciparus lejlandii). Во акцијата учествуваа деца од 2 – 6г. под мото: “Садиме и зелена иднина градиме”. Акцијата беше медиумски покриена од Македонска телевизија, во рамки на утринската програма. Искрено се надеваме дека оваа традиција, ќе ја практикуваме и во наредните години, за идните генерации да растат во зелена урбана средина.