Децата на возраст до 5-6 год. Денот на Урбаната средина – 07 Ноември го одбележаа со прошетка. Излегоа до блискиот булевар “Партизански одреди”, од каде имаа можност да набљудуваат повеќе објекти и градби во околината како, трговскиот центар Буњаковец, библиотеката “Брака Миладиновци”, факултетот за архитектура, училиштето “Коле Неделковски”, блиската пошта, како и Универзална сала, која во моментот добива нов урбан лик. Децата се здобија со сознанија дека Скопје претставува една урбана средина, во која живеат и работат многу луѓе и растат среќни деца.