Театарска претстава “Лина и Мина во градинка” – Матичен објект

Насмевките на лицата на децата, се доволен мотив да продолжиме да правиме мали Дела на Добрина секој ден, секој миг, за сите деца. Нема поголема мисија од таа да им донесеш радост на децата, на било кој начин и во било кое време.

По повод одбележувањето на детската недела, Советот на воспитувачи од Матичниот објект, за децата ја подготви театарската  претстава ,,Лина и Мина во градинка”. Додека ја следеа претставата, на детските лица се забележуваа искрени и задоволни насмевки, а во текот на целата претстава преовладуваше ведро и весело расположение. Пеењето, играњето и целокупната интеракција, го задржаa детското внимание и интерес до самиот крај.

Tags