По повод Светскиот ден на штедењето – 31-ви Октомври, децата од 5-6 годишна возраст, група ,,Буба Мари”, учествуваа во активности во текот на кои изработија касички за штедење, книшки и се запознаа со поимот,,штедење”. Истовремено ја симулираат практиката на штедење, преку игри во центарот за игра.
Децата се информираа за вредноста на монетите и банкнотите, како и дека банките се најбезбедно место за штедење пари.