Во рамките на темата “Есен” која се обработуваше од 3-6год. децата реализираа бројни активности кои придонесоа за збогатување на нивните знаења, за промените во природата, временските услови, како и за есенските плодови кои ги има во изобилство.
-Децата од 3-4 год се стекнаа со знаења за овошјето и зеленчукот во есен, од кое направија вкусни салати.
-Децата од 4-6 год се запознаа со листопадните и зимзелените дрвја кои ги има во дворот на градинката и од собраниот природен материјал (костени, ливчиња, гранки, кора од дрво и др.) изработија бројни креации.